Ал Келафи проговори за иднината на Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келафи истакна дека е 2000 проценти сигурен дека Нејмар ќе остане во тимот и следната сезона.

Во изјава за „Ле Парисиен“, Ал Келафи истакна: „Јас сум 2.000 проценти сигурен дека Нејмар ќе остане. Тој сака да остане и има договор со овој клуб.

Шпанските медиуми шпекулираат уште од октомври. Дека тој не е среќен и други работи…Тоа е погрешно. Не одговарам на шпекулациите, сигурен сум дека ќе остане, тој е играч на ПСЖ.“

Ова значи дека Бразилецот нема шанси да се врати во Шпанија и да го облече дресот на Реал Мадрид, барем не ова лето.