Барди два пати ја „тресна“ Барселона и ја спречи да запише историја (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец во дресот на Леванте, Енис Барде имаше фантастичен натпревар против новиот шампион на Шпанија, Барселона во победата на неговиот клуб од 5:4.

Барди во оваа победа учествуваше со два гола, а пропушти да постигне и хет-трик затоа што во првиот дел имаше голема шанса кога од пред самиот гол ја погоди стативата.

Боатенг во 9. и 30. минута погоди за 2:0, а Кутињо намали на 2:1 пред крајот на првиот дел. На самиот почеток на второто полувреме Барди стапи на сцена и погоди за 3:1 во 46. минута, а само три минути подоцна Боатенг го комплетираше неговиот хет-трик за 4:1.

Во 56. минута Барди со својот втор гол пукна петарда во мрежата на Барселона и ги фрли во транс навивачите на Леванте.

Сепак, Барса смогна сили и успеа да постигне уште три гола преку Кутињо и Суарез, но на крајот не можеше да избегне пораз и со тоа да запише историја како непоразен тим во целата сезона.