Два нови докази, Нејмар од 260 милиони евра се приближува до Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нејмар е во центарот на вниманието и кога не игра. АС вчера пласираше нова приказна околу неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид.

Некаде од Јануари започнаа шпекулациите за негов потенцијален трансфер во актуелниот шампион на Европа.

Враќањето во Шпанија делува како најреална опција, а Реал Мадрид е познат по тоа што ги купува најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и тоа не само на теренот, а Нејмар е баш таков фудбалер.

Шпански АС објави дека Флорентино Перез по секоја цена сака да го види Нејмар во својот тим и дека сака да го заврши трансферот пред почетокот на Светското првенство. Покрај тоа, цената би била неверојатни 260 милиони евра.

Тоа не е се, Нејмар се состанал со идниот фудбалер на Реал Мадрид, Винициус, неговиот сонародник. АС пиша дека причината за нивното зближување е потенцијалниот транфер на Нејмар во Реал. Наводно Нејмар не требало да објави фотографија со Винициус на социјалните мрежи, а за многумина причината за тоа е незадоволството во Париз.

Има уште.

Нејмар вчера започнал да го следи на Инстаграм, еден од главните фудбалери на Реал Мадрид, капитенот Серхио Рамос.

Тие двајца водеа големи борби до пред неколку години во шпанското првенство и не можеше да се замисли Нејмар да следи некој играч на Реал Мадрид на социјалните мрежи, но еве се случи и тоа.