Барселона во продажба пушти специјални дресови во чест на Иниеста


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери за врска во последните десет години, Андрес Иниеста наредниот викенд ќе ја одигра последната средба за Барселона.

Иниеста одлучи сезонава да го напушти тимот на Каталонците во кој помина скоро 20 години. Капитенот на Барселона наредниот викенд ќе има големо простување пред домашните навивачи, зашто тие го дочекуваат Реал Сосиедад.

Од Барселона најавија спектакуларно простување, а клубот денеска во продажба пушти посебни дресови во чест на Иниеста.