Марио Манџукиќ пред преселба во Турција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ летово би можел да го смени клубот, а медиумите пишуваат дека постои шанса да замине во Турција.

Турските медиуми пишуваат дека Бешикташ сака да го засили тимот со два фудбалери од Серија А. Еден е токму Манџукиќ од Јувентус, а другиот е Бруно Перез од Рома.

Не е тајна дека Манџукиќ не е среќен во Јувентус, најмногу поради доаѓањето на Игуаин, па сега би можеле работите да тргнат во негова корист.