Чеферин: Без оглед на се Буфон е голем џентлмен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и понатака има позитивно мислење за Џиџи Буфон без оглед на неговото однесување во реваншот од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Буфон тогаш сиот бес го истури на Мајкл Оливер кој пред самиот крај досуди сомнителен пенал за Реал Мадрид.

„По натпреварот зборував со многу луѓе, Ањели, Колина… Тоа беше специфична ситуација. Имаше многу страсти и тешко е да се повлече линија меѓу емотивното празнење и навредата.

Неговата реакција не е оправдана, разбирлива е, но не е прифатлива. Сепак, Џиџи е џентлмен, не е проблематична личност. Но лошото е лошо и е покрената дисциплинска постапка“- коментираше Чеферин.