Милер со интересен коментар се прости од Хејнкес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен оваа година ја одбранија титулата во Германија. До 28. трофеј во Бундеслигата ги предводеше искусниот Јуп Хејнкес кој го наследи Карло Анчелоти.

Хајнкес од клупата на Баерн ќе се прости по натпреварот од финалето од германскиот куп во кој Баварците ќе се сретнат со Ајнтрахт Франкфурт.

Интересна порака за заминувањето на искусниот стратег испрати Томас Милер кој напиша: „Тренеру ти благодарам, се гледаме во октомври.“

Германските фудбалски вљубеници веднаш почнаа да се распрашуваат што значи тоа- „ќе се видиме во октомври“. Едни сметаат дека Милер се шегува и  дека смета дека Хајнкес пак ќе треба да го вади клубот, други пак дека го кани заедно да го прослават Октоберфест..

Што ќе биде, останува да видиме…