Венгер се пожали на збогувањето: Можев да ја сменам историјата на клубот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, се пожали на збогувањето дека жали поради тоа што не успеал да ангажира едно засилување кое би можело да ја смени историјата на тимот.

Секако, станува збор за Кристијано Роналдо, кој беше блиску до потпис со „топчиите“, но на крајот заврши во Манчестер јунајтед.

„За малку ќе го ангажирав Роналдо. Мислам дека тоа ќе ја сменеше историјата на клубот“, призна Венгер.

Венгер во своите 22 години на клупата на Арсенал ангажираше многу добри фудбалери, а најдобриот дефинитивно е Тјери Анри.