Ѕвездата на Барселона летово ја напушта Каталонија?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ќе остане без 31-годишниот напаѓач, Луис Суарез, кој би можел да се врати во Ливерпул.

Ако успеат да го ангажираат Антоан Гризман, јасно е дека одличниот Уругваец ќе замине од „Камп ноу“, а интерес за него покажа тренерот на „црвените“, Јирген Клоп.

Германскиот тренер смета дека Суарез со своето искуство и квалитет би можел да го засили нападот на Ливерпул.

Претходно, Суарез за Ливерпул одигра 133 натпревари и постигна 82 гола.