Реал Мадрид има две опции – Пјаниќ или Алкантара?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако изборија уште едно финале во Лигата на шампиони, Реал размислува веќе на новата сезона, а според странските медиуми, претседателот на клубот, Флорентино Перез сака да купи едно засилување во средината од теренот.

„Дон балон“ пишува дека на врвот на листата со желби на Перез се наоѓаат Миралем Пјаниќ и Тијаго Алкантара.

Двата фубалери се почитувани кај управата на Реал, но проблем при евентуална реализација претставува сумата за трансфер.

Токму поради тоа на листата на актуелниот европски шампиони има и две алтернативи, а тоа се Фабијан Руиз и Максиме Лопез.