Дешамп избра кои Французи ќе го носат товарот во Русија, неколку изненадувања


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп одбра 23 фудбалери кои ќе ја претставуваат оваа селекција на Светското првенство во Русија.

Дешамп направи неколку големи изненадувања, па така во Русија нема да одат Ентони Марсијал и Александре Лаказет, како и Адриен Рабио. Исто така на списокот го нема Димитри Паје, како ни Кингсли Коман и Муса Сисоко.

Голмани: Хуго Лори, Стив Манданда, Алфонс Ареола

Одбрана: Џибрил Сидибе, Бенжамин Павар, Рафаел Варан, Преснел Кимпембе, Адил Рами, Самуел Умтити, Лукас Хернандез, Бенџамин Менди

Среден ред: Пол Погба, Нголо Канте, Корентин Толисо, Блаз Матуиди, Стивен Нзонзи, Томас Лемар

Напад:Килијан Мбапе, Оливие Жиру, Ентоан Гризман, Оусман Дембеле, Набил Фекир, Флориан Таувин