Готово е, Сити го договори првото засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Наполи, Жоргињо ќе се приклучи на Манчестер Сити ова лето и ќе биде првото засилување за шампионот на Англија.

Ова го изјави агентот на играчот кој потенцираше дека недостасува само финален договор меѓу Манчестер Сити и Наполи.

„Жоргињо се уште е под договор, но доколку Наполи се договори со Манчестер Сити, играчот ќе се пресели во Манчестер. Договор со англискиот клуб нема да биде проблем, но повторувам, тоа зависи само од одлуката на Наполи“-коментираше Жоао Сантош, агентот на италијанскиот репрезентативец.