Дортмунд останува без Батшуаи, но сега го сака неговиот колега од Челси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Планот да остане Миши Батшуаи во Дортмунд пропадна, откако „сините“ од западен Лондон кажаа дека не сакаат да го продадат, но Борусија има план Б – да го ангажира Алваро Мората.

Шпанецот некое време се поврзува со трансфер, а иако се зборуваше за негово враќање во Јувентус, очигледно Дортмунд се чини како добра дестинација за него.

Мората во својата дебитанска сезона постигна 15 гола на 47 натпревари во сите натпреварувања, но се очекуваше многу повеќе од него, па поради тоа се пишува за негово заминување.