Совети за обложување: Јуве со победа го испраќа Буфон од клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Време е за тикет со Kladenje.mk.

Лион- Ница  4+ (двете екипи ќе постигнат најмалку четири гола)

Лион по киксот против Стразбур во минатото коло сега мора да ја победи Ница за да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Ница мора да победи за да обезбеди пласман во Лигата на Европа. Едно е сигурно, овие две екипи често знаат да играат натпревар со многу голови,па веројатно така ќе биде и сега. Лион е благ фаворит, а тоа што се очекува на средбата е минимум четири голови.

Јувентус- Верона 1 (домаќинот ќе победи)

Јуве ја обезбеди титулата во Серија А, а сега против Верона ќе игра само за капитенот Џиџи Буфон на кого ова ќе му е последен натпревар. Се освен победа ќе биде лошо испраќање на легендарниот чувар на мрежата од Торино.

Марибор- Олимпија Љубљана 1 (домаќинот ќе победи)

Директно дерби во Словенија кое ќе одлучува за титулата. Олимпија беше во многу подобра ситуација пред неколку кола, но сега Марибор го води орото. Со победа титулата ќе им е на дофат на тимот кој во последните 12 средби има десет победи.

Челси- Манчестер Јунајтед 2-3 (на натпреварот ќе паднат од два до три гола)

Дерби во финалето од ФА Купот. И Манчестер и Челси ќе го играат својот препознатлив фудбал, па не се очекуваат премногу возбудувања и голови на оваа средба. Впрочем, тоа го најави и Мурињо на прес конференцијата пред ова финале.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk