Вулверхемптон ја спасува кариерата на Харт


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дејли Мирор пренесува дека од таборот на ВУлверхемптон се заинтересирани во своите редови да го донесат искусниот голман, Џо Харт.

Харт беше во центарот на вниманието затоа што не доби повик од Герет Саутгејт во репрезентацијата на Англија за претстојниот Мундијал во Русија.

Оваа сезона 31 годишниот чувар на мрежата ја помина во Вест Хем и по крајот на истата веднаш се врати во редовите на Манчестер Сити од каде јасно му порачаа дека не сметаат на него за следната сезона.