Ништо од Севилја: Пелегрини се враќа во Англија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Манчестер сити ќе се врати повторно во Премиерлигата.

Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини две сезони помина во Кина, на клупата на Хебеи фортуна, но сега се враќа во Европа.

Според медиумите, Пелегрини веќе некое време сакал да се врати во Европа, а иако како негов тим се споменуваше Севилја, очигледно тој ќе се врати во Англија.

Последните информации се дека Пелегрини ќе го преземе клубот на Вест хем, со кој ќе потпише тригодишен договор.