Залудно се надеваа: Буфон не се сели во ПСЖ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон го одигра последниот меч за Јувентус, но не потврди дали тоа е негов последен меч во кариерата.

Буфон пред неколку дена кажа дека ова му е последна сезона и дека по 17 години ќе го напушти Јувентус, а веднаш почнаа шпекулации за неговиот нов клуб.

„Буфон е фантастичен голман, но наш прв избор е Ареола и така ќе остане во наредната сезона. Секој клуб сигурно го сака Буфон, но ние веќе имаме голман“, кажа претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи.