Иниеста се предомисли: Наместо во Јапонија, ќе се пресели во Премиерлигата!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најтрофејните фудбалери во историјата, Андрес Иниеста, донесе одлука по завршување на сезоната да ја напушти Барселона.

Тој вечерва од 20.45 часот ќе се прости од „Камп ноу“, кога Барселона ќе ја пречека екипата на Реал Сосиедад во последното коло од Ла Лига.

Во медиумите се пишуваше дека речиси сигурно ќе се пресели во Јапонија, но очигледно Иниеста се предомислил.

Поради своите добри односи со Пеп Гвардиола, му се отвора можност да заигра во Премиерлигата, а дали тоа ќе се случи, останува да видиме летово.