Фудбалерот на Барса изоставен од мундијалскиот список на Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Жулен Лопетеги утре и официјално ќе го објави конечниот список на играчи за претстојното Светско првенство во Русија.

Тој полека го финализира својот список, а како што пренесуваат шпанските медиуми, една од поголемите дилеми веќе е решена. Прва опција за десната бековска позиција ќе биде Дани Карвахал, но дилемата беше кој да се повика како резерва, Серхи Роберто од Барселона или Алваро Одриозола од Реал Сосиедад.

Според последните информации Лопетеги  одлучил да му даде предност на Одриозола, па така фудбалерот на Барселона ќе остане без Мундијал.