Фекир во Ливерпул е 99% готова работа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Франција пренесуваат дека фудбалерот на Лион, Набил Фекир е пред трансфер во редовите на Ливерпул.

Француската ТВ станица, Канал + објави дека 60 милионскиот трансфер на францускиот репрезентативец на „Енфилд“ е речиси готова работа.

24 годишниот офанзивен играч од средниот ред има договор со Лион до 2020 година, а менаџерот на клубот пред некој ден изјави дека некои играчи ќе си заминат по крајот на оваа сезона.