Бенитез отворен за повторна соработка со Торес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Њукасл одби да го отфрли трансферот на Фернандо Торес во редовите на овој клуб.

Торес си замина од Атлетико Мадрид по крајот на оваа сезона и сега е во потрага по нов клуб каде што ќе ја продолжи својата кариера. Во јавноста се споменуваат многу имиња на клубови како можни дестинации за Шпанецот, од Кина до Сад, па се до Премиер лигата.

„Мислам дека ќе биде тешко за него да дојде, не затоа што ние не го сакаме. Не знам што има во главата, но мислам дека во моментов размислува за нешто друго.  Би било привлечно да дојде, но не мислам дека ќе биде лесно“- коментираше Бенитез.