Познати 26 учесници во групната фаза од Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По крајот на најсилните европски лиги познати се 26 учесници во групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.

Во последното коло најмногу среќа имаа Лион и Викторија Плзен кои изборија директен пласман благодарение на освојувачот на Лига Европа, Атлетико Мадрид и финалистите во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Ливерпул.

Бидејќи победникот во ЛЕ има обезбедено место во групната фаза, а Јорганџиите тоа го остварија и преку лигашкото натпреварување, третопласираниот тим од петтата лига по ранг на УЕФА доби директно учество во ЛШ, во овој случај тоа е Лион.

Автоматски во групната фаза заврши и шампионот на Чешка, Викторија Плзен затоа што финалистите во Лигата на шампионите исто така во своите првенства обезбедија настап во Лигата на шампионите.

Во најелитното европско натпреварување по шест години се враќа и Интер кој вчера во драматичен и директен натпревар беше подобар од Лацио.

Ова се сигурните учесници во Лигата на шампионите за следната сезона:

Шпанија: Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Валенсија

Германија: Баерн Минхен, Шалке, Хофенхајм, Борусија Дортмунд

Англија: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ливерпул

Италија: Јувентус, Наполи, Рома, Интер

Франција: ПСЖ, Монако, Лион

Русија: Локомотив Москва, ЦСКА Москва

Португалија: Порто

Украина: Шахтјор

Белгија: Клуб Бриж

Турција: Галатасарај

Чешка: Викторија Плзен