Јуве го пушта Пјаниќ, а носи екстра засилување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Италија, од редовите на Јувентус конечно попуштиле и се подготвени да го продадат босанскиот фудбалер, Миралем Пјаниќ.

За играчот од средниот ред постои интерес од неколку европски гиганти, а нов тим кој пројавил интерес за Пјаниќ е Арсенал кој ќе биде предводен од Унаи Емери следната сезона.

Јувентус како замена за Босанецот ќе носи уште еден Балканец во своите редови. Станува збор за екстра талентираниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ за кого од „старата дама“ ќе треба да издвојат од 80 до 100 милиони евра.