Откриено што ќе се случува со Икарди летово!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одличниот напаѓач на Интер, Мауро Икарди, по се изгледа дека ќе остане во клубот уште една сезона, а оваа вест ја потврди неговата жена и менаџер Ванда Нара.

„Големите клубови се подготвени да платат многу пари за Икарди. Сепак, на нас приоритет ни е Интер, па ќе имаме состанок со управата наскоро“, вели таа.

Аргентинецот имаше одлична сезона со 29 постигнати гола на 34 натпревари, но сепак нема да игра на Светското првенство во Русија.