Легендата на Арсенал се прашува од каде ли сега Емери?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Арсенал напаѓачот Јан Рајт не е задоволен од изборот на Емери од раководството на Арсенал, но сепак му дава можност да се докаже.

„ Што се случува со Арсенал? Од каде Унаи Емери? Не можам да го исфрлам од глава, до сега човек би помислил дека знае што се случува. Емери кога пристигна во ПСЖ имаше огромни финансиски средства, а сега во Арсенал ќе има 50 милиони и многу играчи кои се на ниско ниво.

Мора веднаш да ги докаже своите тренерски квалитети и да пронајде некој дијамант во тимот, инаку како навивач на Арсенал не би бил обесхрабрен од оваа одлука и се надевам на негов успех“ – изјави славниот напаѓач на англискиот тим.

Шпанецот со ПСЖ освои една титула во националната лига и четири куп трофеи, но не успеа да ги однесе „светците“ до финалето на Лигата на шампионите.