Теквондистите од ХВА РАНГ ИТФ на силен турнир во Зворник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, викендов (25.05-27.05 2018)  ќе учествува на меѓународниот теквондо ИТФ “А Класа” турнир “ЗВОРНИК ОПЕН 2018” во Зворник, Бих. Овој турнир е еден од најпрестижните во Југоисточна Европа

На турнирот под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, натпреварувачите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно и екипно.

„Со самото пријавување знаеме дека овај турнир ќе биде премногу тежок турнир, на кој досега го имаат најавено клубови од 15 земји , при што ќе земат учество и актуелни европски и светски шампиони, што за нашите натпреварувачи ова ќе е одлично искуство за во иднина кога ќе исполнат критериуми за да можат да учествуваат на некое европско или светско првенство“ вели Лазаревски.

Од клубот се надеваат дека натпреварувачите и овој пат ќе ја претстават Македонија во најдобро светло.