Клоп може да седи и да плаче: Се повреди ѕвездата на Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За сите навивачи на Ливерпул стигнаа лоши вести од страна на новинарите кои го следат клубот.

Само неколку дена пред најважниот меч во деценијата, поточно финалето во Лигата на шампиони, се повреди еден од најдобрите играчи на екипата, Роберто Фирмино.

Фирмино се повредил на тренинг, а во моментов не се знае колку ќе паузира поради повредата на зглобот. Секако, доколку не биде подготвен, тоа ќе биде голем удар за Ливерпул, кој би можел на крај да го чини и титулата во Лигата на шампиони.