Велбек прва „жртва“ на Емери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Дени Велбек изненадувачки се поврзува со заминување од клубот по доаѓањето на Унаи Емери на клупата на „топчиите“.

За поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, наводно постои интерес од редовите на Бешикташ.

Дани Велбек постигна пет погодоци на 12 Премиерлигашки натпревари минатата сезона. Англичанецот кој доби и повик од Саутгејт за Мундијалот во Русија сезоната што измина имаше големи проблеми со повредите.