Официјално: Наполи потврди дека Сари заминува од клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше во изминатите неколку денови, денес доби и официјална разрешница.

Маурисо Сари повеќе не е тренер на клубот и набрзо ќе мора да бара нова средина. Тоа го потврди и претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој преку Твитер му се заблагодари на Сари.

„Му се заблагодарувам на Сари за неговата посветеност кон фудбалот во Наполи и тоа што успеа да му даде на градот и фановите престиж и емоции, креирајќи модел на игра кој беше сакан од сите“- напиша Де Лаурентис.

Се уште не е официјално, но наследник на Сари на клупата на Наполи ќе биде Карло Анчелоти.