Официјално: Анчелоти нов тренер на Наполи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти е нов тренер на Наполи, а официјалната потврда стигна вечерва по неколку состаноци кои ги изврши со сопственикот на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Искусниот стратег доби тригодишен договор со Наполи и ќе заработува по 6.5 милиони евра по сезона, дури четири пати повеќе од тоа што заработуваше Маурисио Сари.

Во Наполи веќе завладеа еуфорија и се верува дека Анчелоти е вистинскиот тренер кој може да го однесе наполитанците до Скудетото.

Прво засилување на Анчелоти би требало да биде Артуро Видал од Баерн Минхен, а се споменуваат и Марио Балотели и Карим Бензема.