Шкендија ја потврди двојната круна со убедлива победа против Пелистер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Шкендија ја потврди двојната круна откако со убедливи 3:0 го совлада Пелистер во финалето од Купот на Македонија.

Тетовци беа надмоќни во денешната средба и во ниту еден момент не дозволија Пелистер опасно да се доближи до голот на Дино Захов.

Стрелци на погодоците за тимот на Шкендија беа Висар Муслиу кој погоди два пати и Бесарт Ибраими кој го постигна вториот погодок.

Ова беше лоша одјава за Пелситер кој  од следната сезона ќе го гледаме во второто по ранг натпреварување во Македонија, додека Шкендија ќе се подготвува за настап во Лигата на шампионите.