Официјално: Иниеста го објави својот нов тим (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста објави дека се сели во Јапонија и дека очекува да потпише договор со тимот на Висел Кобе.

За сега веќе поранешниот играч на Барселона, постоеше интерес и од клубови од Кина, но на крај Иниеста се одлучи да се пресели во Кобе.

Трансферот уште не е официјално потврден, а се очекува истото да се случи во текот на утрешниот ден.

Висел Кобе во моментов се наоѓа на шестата позиција во Џеј Лигата, а следниот натпревар им е на 2. мај со што Иниеста би можел да дебитира за клубот против Јокохама Маринос, тим каде настапува нашиот интернационалец и поранешен член на младинските школи на Барселона, Давид Бабунски.