„Зголемете го бројот на натпревари во ЛШ, намалете го во првенствата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на Асоцијацијата на европски клубови, Андре Ањели кажа дека најдобрите клубови од Европа треба да играат повеќе натпревари во Лигата на шампиони, а помалку во своите домашни натпреварувања.

Ањели, кој е претседател исто така на Јувентус, кажа дека се разгледуваат голем број идеи. Исто така, кажа дека првата фаза во Лигата на шампиони би требало да има четири групи од по осум клубови, а не осум групи по четири тима.

„Сите ние сакаме повеќе меѓународни натпревари, а помалку домашни, комбинирани со генерално намалување на бројот на средби, бидејќи не сакаме да го преминеме одредениот број“, кажа Ањели.