Арсенал носи играч на Ница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што дознава Скај Спортс, од таборот на Арсенал се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери.

Французинот има откупна клаузула од 35 милиони фунти, а беше трансфер цел на Унаи Емери додека овој беше тренер на ПСЖ. Имено, францускиот шампион се обиде да го донесе Сери во јануари, но поради финансискиот фер плеј не дојде до реализација на трансферот.

Наместо Сери, тогаш на „Паркот на принцовите“ се пресели Ласана Диара кој дојде како слободен фудбалер.