Се имаме видено, но ова не: Челси нуди играч во замена за Сари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најавите од Англија говорат дека Челси би можел да го искористи Давид Луиз за да одбегне да ја плати откупната клаузула на Маурисио Сари.

Анчелоти вчера беше потврден како нов предводник на Наполи, но досегашниот тренер Сари се уште нема официјално добиено отказ од клубот.

Тој има 8 милиони откупна клаузула, цена која ќе биде на сила до крајот на овој месец, а Аурелио Де Лаурентис се надева дека друг клуб ќе ја плати истата.

Од Челси пак се подготвени 10 милиони евра за да го отпуштат Конте, па не сакаат да вложуваат дополнителни средства за носење на нов тренер. Затоа ќе се обидат да го искористат Давид Луиз како „мамка“ за Маурисио Сари.

Бразилецот чини околу 25 милиони евра, па доколку Наполи се согласи да го купи ќе може да плати само 17 милиони евра.