Марота потврди дека Јувентус е заинтересиран за двајца фудбалери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Генералниот менаџер на Јувентус, Џусепе Марота го потврди интересот од клубот за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан како и за голманот на Џеноа, Матиа Перин.

Дармиан речиси сигурно ќе дојде во Торно, по неуспешната авантура во Манчестер Јунајтед, додека блиску е и трансферот на Перин кој ќе дојде во тимот по заминувањео на Буфон и заедно со Шчезни ќе се бори за првотимски статус.

„Зборувавме многу за Перин и Дармиан.  Нема да кријам дека бараме голман од висок калибар. Перин е голман од висок калибар, но се уште имаме долг пат да изодиме за да речеме дека сме го комплетирале трансферот.

Дармиан може да се вклопи во нашиот тим, тој е тип на играч каков што бараме. Тој исто е и италијански фудбалер, а ние секогаш во тимот сакаме да имаме Азури“ –коментираше Марота.