Манчини: Буфон ќе продолжи да игра, сметам на него за во репрезентацијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новиот селектор на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини потврди дека Џиџи Буфон ќе продолжи да игра, а секој кој е активен фудбалер има шанса да добие повик во националниот тим.

Голманот ќе го напушти Јувентус кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни, но иако многумина помислија дека ќе ги закачи ракавиците на клин, легендата на современиот фудбал ќе продолжи да игра и во следните неколку сезони.

„Зборував со него и тој ми ги објасни неговите намери. Сака да продолжи да игра, а секој кој игра активно и го дава најдоброто од себе е и потенцијален репрезентативец на Италија. Буфон ми кажа дека ќе продолжи да игра, два дена откако бев избран за нов селектор на Италија“- коментираше Манчини.

Дали ова значи дека Буфон не ставил крај и на репрезентативната пензија, останува да видиме во следниот период.