Емери посакува играч на Рома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скај Италија дознава дека Арсенал е заинтересиран во своите редови да го донесе одличниот играч од средниот ред на Рома, Лоренцо Пелегрини.

21 годишниот фудбалер постигна три погодоци на 37 натпревари минатата сезона во сезоната каде Рома стигна до полуфиналето од Лигата на шампионите, а заврши на третата позиција во Серија А.

И Јувентус е заинтересиран за Пелегрини кој има откупна клаузула во својот договор од 26 милиони фунти.

Рома веќе ја пронашла замената за фудбалерот од средниот ред. Ова лето на „Олимпико“ треба да пристигне Брајан Кристанте од Милан.