Манчестер Јунајтед блиску до своето прво засилување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите во Англија јавуваат дека Манчестер Јунајтед е блиску до договор со фудбалерот на Шахтјор, Фред.

„Црвените ѓаволи“ се во напредни преговори со Шахтјор и ќе му платат на украинскиот тим околу 50 милиони фунти за бразилскиот интернационалец.

Се очекува трансферот да се комплетира пред почетокот на Светското првенство во Русија каде Фред ќе игра со репрезентацијата на Бразил.

Од Манчестер Јунајтед го посочија 25 годишниот фудбалер како идеална замена за Мајкл Керик и Маруан Фелаини.