„Погба мисли само на фризурата! Франција не е опасна!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Данска, Аге Харејде зборуваше за противниците на својот тим на Светското првенство во Русија, а кажа дека не очекува голема опасност од Франција.

Австралија, Перу, Данска и Франција играт во група Ц на Мундијалот, а европскиот вице-шампион е еден од фаворитите за титулата. Сепак, данскиот селектор смета дека тоа не е вистина.

„Погба на натпреварот против Сити играше во сино-бела боја. Можеби ќе биде црвено-бела кога ќе игра против нас. Дали тој размислува само за фризурата? Јас не верувам во нивната екипа и успех“, вели селекторот на Данска.