Направи хаос во Франција, па сега бега во Италија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Адриен Рабио минатите денови беше главна тема во француските меидуми.

Овој 23-годишен фудбалер го одби Дидие Дешам, кој сакаше да го постави на листата со резервни играчи за Мундијалот.

Сепак, тоа не беше се. Рабио одби состанок со тренерот на ПСЖ и замина на одмор, па очигледно се наоѓа пред голем трансфер.

Јувентус ја контактираше управата на ПСЖ за Рабио, па најверојатно се наоѓаат блиску до неговиот трансфер, кој би можел да биде реализиран летово.