Дресот на Нигерија вистински хит


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пренесуваат светските медиуми, дури три милиони луѓе го нарачале уникатниот зелено бел дрес од репрезентацијата на Нигерија.

Нигеријците дресот го претставија во март, а од тогаш дури три милиони луѓе го нарачале овој дрес. Официјалната продажба во фан шоповите ќе почне на 29 мај, две недели пред почетокот на Светското првенство.

Цената на оригиналниот дрес ќе изнесува 85 долари. Инаку, Нигерија се наоѓа во доста тешка група на Светското првенство каде ќе се сретне со Хрватска, Исланд и Аргентина.