По Покетино,уште шест фудбалери ја продолжуваат верноста со Тотенхем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маурисио Покетино вчера и официјално ја продолжи соработката со Тотенхем до 2023 година,а  англиските медиуми пренесуваат дека неговиот чекор ќе го следат уште шест фудбалери.

Меѓу нив сигурно нема да биде Тоби Алдервилд кој веројатно ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, но она што е поважно за фановите на „петлите“ е дека најголемата ѕвезда на клубот, Хари Кејн ќе го продолжи договорот.

Покрај Кејн, потпис на нов договор ќе стават и останатите носители на играта Деле Али, Кристијан Ериксен, Хеунг Мин Сон, Уго Лори и Јан Вертонген.

Тоа значи дека Тотенхем го задржува костурот на тимот и наредната сезона со неколку квалитетни засилувања можеби ќе се бори за титулата во Премиер лигата.