Фред го потврди интересот од Манчестер Јунајтед


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот интернационалец од редовите на Шахтјор, Фред, е свесен за интересот од Манчестер Јунајтед.

Клубот од Премиер лигата се поврзува со трансфер вреден 44 милиони фунти, а дека постои понуда откри и самиот фудбалер.

„Преговорите со Сити траеја уште од јануари. Набрзо по нив, се јави и Манчестер Јунајтед и разговараше со Шахтјор и моите агенти. Сега, ако не се лажам, има многу добра понуда од Манчестер Јунајтед“- коментираше Фред за „Глобо Еспорте“.