„Градски пар“ гори, Работнички шампион по девет години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Работнички по цели девет години стигнува до шампионскиот пехар во македонската кошарка откако со 87:84 беше поуспешна од најголемиот ривал, МЗТ Скопје.

Избраниците на Марин Докузовски со убедливи 3:0 во серијата до три победи го совладаа МЗТ кој  царуваше во македонскиот шампионат во последните неколку години.

МЗТ одлично го отвори натпреварот и по првите десет минути имаше предност од цели девет поени. Сепак Работнички ги доби следните три четвртини и на крај во пенал завршница успеа да ги совлада „металците“ за голема радост во „Градски парк“.

Одличен натпревар во Работнички одиграа Чавдар Костов кој запиша 19 поени и Димитар Караџовски кој мечот го заврши со 17 поени. Бојиќ уште еднаш беше најдобар во МЗТ Скопје  со 17 уфрлени кошеви.

Ова е вкупно 15 трофеј во македонскиот шампионат за екипата на Работнички, прв по цели девет години.