Тектонски промени во Челси, Сари носи двајца фудбалери на Наполи

0

Веќе е јасно дека Челси од следната сезона ќе биде предводен од Маурицио Сари само се чека официјална потврда на тоа.

Во јавноста веќе се шпекулираат имињата кои Сари ќе ги донесе како засилувања за тимот на Челси за следната сезона.

Спортмедиасет пишува дека Сари на „Стемфорд Бриџ“ со себе би ги донел и Калиду Кулибали од Наполи и Гонзало Игуаин од Јувентус. За Игуаин од Челси се подготвени да го „жртвуваат“ Алваро Мората кој има лоша сезона зад себе во дресот на клубот од Лондон.

Share.