Платини се подготвува за враќање во светот на фудбалот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер, а потоа и претседател на УЕФА, Мишел Платини кажа дека швајцарските власти се откажале од постапката во која беа обвинети за корупција, па сега се подготвува за враќање во светот на фудбалот.

Платини беше претседател на УЕФА од 2007. до 2015. година, но од функцијата мораше да се откаже по корупцискиот скандал во ФИФА и  Европската куќа на фудбалот.

„По три години истрага, швајцарското Јавно обвинителство ја потврди вистината и официјално кажа дека не постои обвинение против мене во истрагата. Ова ја потврдува мојата невиност, а јас можам да ви кажам дека наскоро се враќам во фудбалот“, вели Платини.