Барса и Тотнем со празни раце: Рајола му договори играч на Јувентус!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Очигледно дека работите меѓу Алегри и Бенатија не се најдобри, иако за тоа се молчи во моментов, а Мароканецот кажа дека ќе одлучи по Мундијалот.

Тој кажа дека повторно би сакал да соработува со Руди Гарсија, а Јувентус наводно би прифатил понуда од 30 милиони евра.

Замената е подготвена, со Рајола е договорено да го донесе Матијас Де Лит, еден од најталентираните стопери во Европа.

Него го сакаат Тотнем и Барселона, но Рајола е многу поблизок со Јувентус, па очигледно ќе го однесе во нивниот тим.