Кире Лазаров беше фантастичен: Нант е првиот финалист на Ф4!

0

Нашиот Кире Лазаров и неговиот тим Нант се првиот патник во финалето на Лигата на шампиони во Келн, откако го победија ПСЖ со 32-28.

ПСЖ имаше водство на почетокот на средбата, но се случи неверојатен пресврт откако Нант играше прекрасно против своите противници, па во еден момент имаа и пет разлика (15-10) во првиот дел, но на полувремето заминаа со 17-14.

Во вториот дел разликата се зголемуваше, па отиде и до максимални шест, но ПСЖ се врати во игра. Сепак, се што успеа да направи беше приближувањето на еден гол разлика (29-28).

Advertisements
Share.