Совети за обложување: Тулуз на чекор од опстанок во Лига 1, Јанг Бојс по титулата во купот на Швајцарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Kladenje.mk и денес со вас. Повелете неколку типови за обложување.

Тулуз – Ајачио: 1 (победа на домаќинот)

Екипата на Тулуз се наоѓа на чекор од опстанок во француската Лига 1, откако во првата средба победи со 3-0 против Ајачио, па ќе има шанса да ја потврди својата доминантност против Ајачио. Кога би ги погледнале последните меѓусебни средби, може да забележиме дека Тулуз победил во последните три срдби додека останатите две завршиле нерешено. Од друга страна, Тулуз во последните пет натпревари има две победи и три порази додека Ајачио има една победа, две нерешени средби и два порази.

Марибор – Горица: 1 (победа на домаќинот)

Марибор се бори за титулата во Словенија, а се наоѓа многу блиску до тоа. За да се искачат на првата позиција потребна им е победа токму против Горица, а би требало истата многу лесно да ја обезбедат, зашто нивните противници немаат никаква резултатска корист. Во последните пет меѓусебни средби, Марибор има дури четири победи и притоа неверојатна гол-разлика од 17-5. Инаку, Марибор не е во најдобра серија затоа што во последните пет меча во Првата лига на Словенија има три победи и по еден пораз и реми.

Ротерхам – Шрусбери: ГГ (двете екипи постигнуваат гол)

Ротерхам го пречекува Шрусбери на домашен терен во плејоф-финалето на англиската Лига 1, а победникот ќе избори пласман во англиската Чемпионшип-лига. Ротерхам на последните пет средби има три победи и по еден пораз и реми, а во иста форма се наоѓа Шрусбери. Кога ќе ги погледнеме последните пет меѓусебни средби на двете екипи, дури три натпревари завршиле ГГ, па поради тоа мислиме дека и на овој натпревар двата тима ќе постигнат гол.

Цирих – Јанг Бојс: 2 (победа на гостинската екипа)

Цирих на домашен терен во финалеот на швајцарскиот куп го пречекува Јанг Бојс и ќе се обиде со помош на навивачите да го победи големиот фаворит Јанг Бојс, кој има одлична сезона и ја освои титулата во домашното првенство. Во последните пет средби, Јанг Бојс имаат дури четири победи и само еден пораз. Од друга страна, Цирих има две победи и три нерешени средби. Во меѓусебните натпревари, Јанг Бојс е доминантен бидејќи има четири победи на последните пет меча.

Проверете ги останатите бесплатни типови на Kladenje.mk